Свет

Русија се надева на „трајна стабилизација на ситуацијата“ во Појасот Газа по договорот меѓу Израел и Хамас

„Се надеваме дека спроведувањето на сегашниот договор ќе придонесе за трајно стабилизирање на ситуацијата во Појасот Газа и ќе создаде услови за враќање на сите привремено раселените лица“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својата редовна неделна прес-конференција. 

Русија се надева на „трајна стабилизација на ситуацијата“ во Појасот Газа по договорот меѓу Израел и Хамас

Русија денеска соопшти дека се надева на „трајно стабилизирање на ситуацијата“ во Појасот Газа по постигнувањето договор меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците, што беше објавено синоќа од посредниците од Катар, Египет и САД.

„Се надеваме дека спроведувањето на сегашниот договор ќе придонесе за трајно стабилизирање на ситуацијата во Појасот Газа и ќе создаде услови за враќање на сите привремено раселените лица“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својата редовна неделна прес-конференција. (МИА)

To top