Русија денеска предупреди на „непоправливи последици“ доколку се воведат нови меѓународни санкции против Иран, откако Париз, Лондон и Берлин најавија дека во рок од 30 дена ќе иницираат постапка во Обединетите нации за нивно повторно активирање.
„Ги повикуваме да се вразумат и да ги преиспитаат своите погрешни одлуки пред да доведат до непоправливи последици и нова трагедија“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Москва нагласува дека се залага за „обнова на конструктивен дијалог“ меѓу сите засегнати страни за да се избегне „нова криза“ поврзана со иранското нуклеарно прашање. (МИА)