Свет објави денеска кабинетот на зеленски

Русија набави делови од Запад во вредност од 2,9 милијарди долари и покрај санкциите

Западни компании и дадле на Русија во првите 10 месеци од 2023 година делови што можат да се користат за воено производство во вредност од 2,9 милијарди американски долари и покрај санкциите, објави денеска кабинетот на украинскиот претседател.

Русија набави делови од Запад во вредност од 2,9 милијарди долари и покрај санкциите

Киев врши притисок врз своите сојузници да ги заострат санкциите кон Русија и да спречат заобиколување, предупредувајќи дека Москва продолжува да увезува воена стока за војната во Украина.

Рускиот увоз на воена стока во 2023 година изнесуваше 90 отсто од нивото пред почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, соопшти кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Тие се повикуваат на истражувањето на работната група предводена од шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, заедно со поранешниот американски амбасадор во Москва, Мајкл Мекфол. Истражувањето се фокусираше на обидите на Русија да ги заобиколи санкциите за воената стока.

„Производи од повеќе од 250 западни компании се пронајдени во примероци на уништено или конфискувано руско оружје“, соопшти кабинетот.

Економскиот факултет во Киев, што учествуваше во истражувањето, објави дека речиси 2.800 странски делови се пронајдени во руската воена опрема, вклучително и во хиперсоничните ракети Кинжал.

„Всушност, 95 отсто од сите делови пронајдени во руското оружје на бојното поле потекнуваат од производители во коалициските земји, а 72 отсто само од компании со седиште во САД“, се наведува во истражувањето.

Најнови вести од Свет

To top