Свет соборени 40

Русија лансираше 45 дронови кон Киев и југот на Украина

Во текот на ноќта, Русија изврши напади со беспилотни летала врз Киев и јужна Украина, при што е ранет најмалку еден цивил, а оштетени се згради и гасовод во речното и морското пристаниште Миколаев, објави утрово украинската армија.

Русија лансираше 45 дронови кон Киев и југот на Украина

Украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки Телеграм соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 40 од 45-те нападни беспилотни летала Шахед, лансирани од Русија во текот на ноќта.

– Воздушната тревога во главниот град траеше речиси два часа, напиша на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Тој додаде дека сите дронови над Киев биле соборени при приближувањето. Според првичните информации, нема жртви или разурнувања во главниот град или во неговата околина. Небото над Киев беше прогласено за ведро нешто пред 4 часот наутро.

Јужната воена команда на Украина преку Телеграм објави дека нејзините системи за противвоздушна одбрана биле ангажирани повеќе од пет часа и уништиле 26 беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија над неколку јужни региони, главно над регионот Миколаев во близина на Црното Море.

Најмалку еден цивил е повреден во нападот на југот на Украина, соопшти армијата.

– Приоритет за непријателот повторно беше крајбрежниот појас на инфраструктура и агроиндустриски капацитети, соопшти војската.

Остатоците што паднаа од соборениот дрон и ударниот бран оштетија станбени згради и гасовод во Миколаев, информира воената команда, дополнувајќи дека четири беспилотни летала се соборени над црноморското пристаниште Одеса.

To top