Русија синоќа истрела 38 беспилотни летала камикази и две балистички ракети „Искандер-М“ кон Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од британските медиуми.
Триесет од беспилотните летала се уништени над неколку украински региони, соопшти Киевското воздухопловство на Телеграм. Не е јасно што се случило со тие дронови кои не биле соборени.
Од 04:20 часот по Гринич, прогласена е нова воздушна тревога ширум Украина поради закана од нови напади, соопштија украинските воздухопловни сили во друга порака на Телеграм.