Свет

Русија ѝ ги предаде телата на 501 загинат војник на Украина

Органите на редот и форензичарите ќе ги идентификуваат телата, кои потоа ќе им бидат предадени на семејствата, се вели во соопштението. 

Русија ѝ ги предаде телата на 501 загинат војник на Украина

Русија денеска и ги предаде телата на 501 војник на Украина, соопштија украинските власти, што е најголемата репатријација на загинати војници од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Повеќето од тие војници загинаа во акција во областа Доњецк во Украина, главно околу градот Авдијевка, кој руските сили го зазедоа во февруари по долга и тешка битка, соопшти украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници.

Органите на редот и форензичарите ќе ги идентификуваат телата, кои потоа ќе им бидат предадени на семејствата, се вели во соопштението.  (МИА)

To top