Свет

Романија подигна ловци поради дрон кој навлезе во воздушниот простор на земјата

Два ловци F-16 биле подигнати синоќа од воената база Фетешт во Романија поради дрон кој кусо навлегол во воздушниот простор на земјата, соопшти Министерството за национална одбрана на Романија.

Министерството информира дека дронот бил забележан во реонот на местото Сфанту Георге во централниот дел на Романија и брзо се оддалечил северно од градот Сулина.

До населението во северниот дел на романскиот округ Тулча била испратена порака преку системот за предупредување RO-ALERT.

„Министерството за национална одбрана категорично ги осудува нападите на Руската Федерација врз украинската цивилна инфраструктура, дејствија кои претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и закана за регионалната безбедност“, изјавија од министерството.

Синоќа неколку украински градови, меѓу кои и главниот град Киев, беа цел на руски напади. Ова се случи само неколку часа пред почетокот на новите американско-украински преговори во Швајцарија за ставање крај на војната.

To top