Свет

РОДИТЕЛИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ПРОДАДАТ БЕБЕТО ЗА ПАКЕТ ПИВО: Бизарен обид за трговија со дете спречен од полицијата

РОДИТЕЛИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ПРОДАДАТ БЕБЕТО ЗА ПАКЕТ ПИВО: Бизарен обид за трговија со дете спречен од полицијата

Еден пар од Арканзас е уапсен откако наводно се обидел да го продаде своето 2-месечно бебе за пакет пиво и чек од 1.000 долари.

Родителите на бебето, Дариен Урбан (21) и Шајлин Елерс (20) се уапсени откако менаџерот на кампот во округот Бентон повикал локална полиција да го пријави инцидентот, објави Си-Би-Ес Њуз.

Кога дошла полицијата, констатирала дека на бебето му е потребна лекарска помош и итно го однеле во болница.

На судењето било откриено дека родителите потпишале договор со маж кој се обидел да го купи бебето.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Сведоците известиле дека маж во кампот, идентификуван во изјавата како Рики Крафорд, ги посетил родителите и понудил да го однесе бебето за ноќ во замена за пакет пиво.

Друг сведок им рекол на властите дека почувствувале силен мирис на амонијак и измет што доаѓа од бебето, кое носело валкана пелена. Жената на судењето рекла дека откако го пресоблекла бебето, видела силен осип, плускавци и оток.

Двојката била уапсена, а Урбан ослободен со кауција од 5.000 долари, додека Елерс останала во притвор со кауција од 30.000 долари.

Најнови вести од Свет

To top