Свет Скот ја објави својата одлука синоќа

Републиканскиот претседателски кандидат Тим ​​Скот објави дека се откажува од трката за номинација

Кандидатот за претседател од Републиканската партија, Тим ​​Скот објави дека се повлекува од трката за номинација на неговата партија за изборите следната година.

Републиканскиот претседателски кандидат Тим ​​Скот објави дека се откажува од трката за номинација

Скот ја објави својата одлука синоќа, околу два месеци пред почетокот на републиканските прелиминарни избори во Ајова.

Сенаторот од Јужна Каролина заостанува во анкетите и само неколку дена по третата републиканска дебата во која тој повторно не успеа да добие импулс, јавија американски медиуми.

Скот, кој е единствениот црн републиканец во Сенатот, ја објави својата намера да се кандидира во мај. Тој влезе во трката со повеќе пари од кој било друг републикански кандидат, но не можеше да се истакне во трката во која доминира поранешниот претседател Доналд Трамп, наведуваат американски медиуми.

To top