Свет соборен рекордот на снежни врнежи

Рекорден снег во Москва: Над 60 см по 32 години

Тој нагласи дека во центарот на престолнината, во Балчуг, висината на снегот изнесува 69 сантиметри, а во Тушино 63 сантиметри, и со тоа е соборен рекордот на висината на снежните наноси од 1994 година, кога изнесувал 61 сантиметар.

Рекорден снег во Москва: Над 60 см по 32 години

Во Москва е забележана висина на снег од 61 сантиметар, со што е соборен рекордот на снежни врнежи поставен пред 32 години во руската престолнина.

-Според  референтната метеоролошка станица ВДНХ, како резултат на непрекинатото паѓање на снег, неговото ниво порасна на 61 сантиметар, што претставува зголемување од три сантиметри за 24 часа, изјави за РИА Новости, Евгениј Тишковец, водечки експерт на метеоролошкиот центар Фобос.

Тој нагласи дека во центарот на престолнината, во Балчуг, висината на снегот изнесува 69 сантиметри, а во Тушино 63 сантиметри, и со тоа е соборен рекордот на висината на снежните наноси од 1994 година, кога изнесувал 61 сантиметар.

-Во Московската област најголеми снежни врнежи има во Черустуј-68 сантиметри, Серпухов- 66 сантиметри, Коломна- 65 сантиметри и Волоколамск- 62 сантиметри, додаде тој.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top