Свет

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин изразија резервираност за предлогот за прекин на огнот во Украина за време на одржувањето на Олимписките игри во Париз ова лето.

Предлогот, првпат спомнат од францускиот претседател Емануел Макрон, а подоцна дискутиран од кинескиот претседател Си Џинпинг, има за цел да ги запре непријателствата за време на одржувањето на Игрите.

Зеленски денеска за интернет-страницата за вести „Украинска правда“ изјави дека деталите за иницијативата не му се јасни. Тој ги истакна ризиците од Русија потенцијално да го искористи прекинот на огнот за да ја придвижи воената опрема поблиску до Украина.

Зеленски го постави прашањето „кој ќе се погрижи нивните сили да не напредуваат кон нас за време на прекинот на огнот? „Значи, не ги разбирам деталите. Досега ми звучи како неостварлива приказна“, рече Зеленски.

Путин, враќајќи се од државната посета на Кина, призна дека Си ја изнел идејата за прекин на огнот, но не даде повеќе детали. Сепак, тој го критикуваше Западот што бара Русија да се придржува до олимпиското примирје, а истовремено да ги исклучи руските спортисти од Игрите.

Москва, исто така, претходно изрази сомневање за таквата иницијатива, бидејќи Украина би можела да го искористи периодот на Игрите за дополнително вооружување на своите вооружени сили и прегрупирање.

To top