Претседателот на Русија, Владимир Путин на традиционалната прес-конференција за крајот на годината призна дека не може да каже кога руската армија ќе ја врати целосната контрола врз западниот регион Курск.
– Апсолутно ќе ги потиснеме. Апсолутно. Не може да биде поинаку, посочи Путин.
Но, тој на прашањето за конкретен датум, истакна: „Извинете, не можам да кажам во моментов“.