Свет Москва

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија

Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија

Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“.

Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.

Тој го коментираше и откажувањето на средбата од страна на Трамп, истакнувајќи оти американскиот претседател најверојатно мислел на пролонгирање, а не на целосно откажување.

Путин ги предупреди САД, потенцирајќи дека Русија силно ќе одговори во случај на напад со американски ракети „Томахавк“ врз руска територија.

– Доколку такво оружје се користи за напад врз руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам зачудувачки. Нека размислат за тоа, истакна Путин.

Најнови вести од Свет

To top