Свет Франција

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Како што налага традицијата, претседателот му оддаде почит на генералот Шарл де Гол со положување венец на неговиот споменик, а потоа, придружуван од Републиканската гарда, прошета по авенијата Шанзелизе до историскиот споменик на Триумфалната капија, каде запали пламен кај Гробот на Непознатиот јунак.

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Во Париз денеска, Франција ја прослави 79-годишнината од победата на сојузниците над нацистичка Германија на 8 мај 1945 година – објави парискиот весник Фигаро и истакна дека овој пат претседателот Емануел Макрон не го одржа вообичаениот говор на прославата, пренесе Бета.

Како што налага традицијата, претседателот му оддаде почит на генералот Шарл де Гол со положување венец на неговиот споменик, а потоа, придружуван од Републиканската гарда, прошета по авенијата Шанзелизе до историскиот споменик на Триумфалната капија, каде запали пламен кај Гробот на Непознатиот јунак.

Минатата година Макрон одржа говор во кој ги афирмираше вредностите на слободата и мирот, но денеска немаше говор, пишува Фигаро и прашува дали можеби тоа е затоа што Макрон денеска треба да пристигне во Марсеј за официјално да го пречека олимпискиот оган за Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август.

Премиерот Габриел Атал, министерот за одбрана Себастиен Лекорну и воените лидери присуствуваа на церемонијата на Денот на победата во Париз.

Денешната прослава, како и вечерашното пречекување на олимпискиот оган, се придружени со засилени безбедносни мерки ширум Франција.

Најнови вести од Свет

To top