Свет

Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил

Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил

Најмалку 31 тело досега е пронајдено на местото на авионската несреќа во Бразил, во која загинаа 62 лица, а идентификувани се пилотот и копилотот, соопшти покраинската влада на Сао Паоло.

„Меѓу загинатите има еден Венецуелец и еден португалски државјанин“, рече претставникот на цивилната одбрана Роберто Фарина, додавајќи дека биле контактирани локални конзулати.

Сите пронајдени тела се пренесени во полициската мртовечница во Сао Паоло.

„Се анализира таканаречената ‘црна кутија’ на авионот, која содржи гласовни снимки и податоци за летот“, изјави Марсело Морено, шеф на бразилскиот центар за истражување на воздушни несреќи.

To top