Руските медиуми јавуваат дека во нападот учествувале најмалку пет вооружени лица.
Федералната служба за безбедност претходно потврди дека во нападот во Крокус Сити Хол загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се повредени.
Рускиот Истражен комитет соопшти дека инцидентот го истражуваат како терористички напад.