Свет Гванахуато

Престрелка во Мексико, седум жртви

Минатата година Гванахуато беше прогласен за мексиканска држава со најмногу убиства – 3.151, што е околу 10,5 проценти од сите убиства извршени во земјата.

Престрелка во Мексико, седум жртви

Седум луѓе беа убиени вчера во престрелка во мексиканската држава Гванахуато, каде веќе извесно време владее насилство.

Злосторството е извршено на плоштадот во Сан Бартоло де Бериос во општината Сан Фелипе во централниот дел на земјата.

Полицијата ги пронашла телата на седум мажи и оштетен минибус, како и две пораки поврзани со картелот „Санта Роса де Лима“ – една од криминалните организации кои дејствуваат во овој регион.

Мексиканската епископска конференција – највисокиот римокатолички орган во земјата, изрази „длабока тага и вознемиреност“ и ја осуди „неказнивоста и недостигот на мир во големи области на земјата“.

Државата Гванахуато е индустриски и туристички центар во кој се наоѓаат канцелариите на производители на автомобили како „Мазда“ и „Тојота“.

Тој исто така е центар на судири меѓу картелот „Халиско – нова генерација“, вклучен во списокот на САД на терористички организации, и „Санта Роса де Лима“.

Минатата година Гванахуато беше прогласен за мексиканска држава со најмногу убиства – 3.151, што е околу 10,5 проценти од сите убиства извршени во земјата.

To top