Свет САД

Премиерот на Катар во посета на САД

Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денеска ќе ги посети Њујорк и Вашингтон и се очекува да се сретне со претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф

Премиерот на Катар во посета на САД

Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денеска ќе ги посети Њујорк и Вашингтон и се очекува да се сретне со претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Ал Тани ќе разговара за израелскиот напад врз Доха и статусот на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа.

Посетата на Ал Тани на САД уследи откако Израел изврши напад врз претставници на Хамас во главниот град на Катар. Тој вчера дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со нападот врз Доха, „ја убил секоја надеж“ за ослободување на израелските заложници.

Израел на 9 септември изврши напад врз Доха, при што загинаа шест луѓе. Хамас тврди дека израелскиот напад бил насочен кон нивната преговарачка делегација, додека израелската армија тврди дека мета било раководството на Хамас.

Катар, заедно со Египет и САД се клучни посредници помеѓу Израел и Хамас за време на војната во Појасот Газа.

To top