Свет Аксиос

Пратеникот на Трамп, Виткоф патува во Русија на трета средба со Путин

Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „лут“ поради коментарите на Путин за Украина. 

Пратеникот на Трамп, Виткоф патува во Русија на трета средба со Путин

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, отпатува за Русија и се очекува денеска да се сретне со претседателот Владимир Путин, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со патувањето.

Тоа ќе биде трета средба меѓу Виткоф и Путин, бидејќи Трамп се обидува да постигне примирје во војната меѓу Русија и Украина.

Како што објавија медиумите, Трамп бил незадоволен бидејќи преговорите не напредувале во последните недели, а во една прилика изјавил дека е „лут“ поради коментарите на Путин за Украина.

Аксиос потсетува дека минатата недела Виткоф беше домаќин на пратеникот на Путин Кирил Дмитриев во Вашингтон во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите. (МИА)

To top