Свет

Познато со кого разговараше Путин, се бара брз прекин на огнот на Блискиот Исток

Путин и Зајед ал-Нахјан разговараа за потребата од брз прекин на огнот на Блискиот Исток. Беше разговарано и за темата за иранските напади врз територијата на ОАЕ и голем број арапски земји.

Познато со кого разговараше Путин, се бара брз прекин на огнот на Блискиот Исток

Претседателите на Русија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Владимир Путин и Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, денес разговараа по телефон за ескалацијата на Блискиот Исток и нејзиното влијание врз регионалната и глобалната безбедност, нагласувајќи ја потребата од брз прекин на огнот во тој регион.

-Претседателите на Русија и ОАЕ повикаа на итен прекин на воената ескалација со цел да се избегнат понатамошни конфликти во регионот, како и за преовладување на дијалогот и политичките решенија за различни проблеми, се вели во соопштението објавено од државната новинска агенција на Емиратите ВАМ.

Агенцијата, исто така, известува дека за време на разговорот била разговарана и темата за иранските напади врз територијата на ОАЕ и голем број арапски земји.

Путин и претседателот на ОАЕ ја нагласија потребата од брз прекин на огнот на Блискиот Исток и враќање на дипломатскиот процес, објави Кремљ, пренесува РИА Новости.

-Невидените трагични настани на Блискиот Исток беа дискутирани во контекст на американско-израелската агресија против Иран и острите одмазднички акции на Техеран, се вели во соопштението.

Во разговор со претседателот на ОАЕ, рускиот претседател истакна дека Русија направила многу за да го олесни мирното решавање на прашањето за иранската нуклеарна програма и за да се најдат меѓусебно прифатливи компромиси, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за неговите напори да им помогне на руските граѓани, вклучително и туристите, во Емиратите.

По телефонскиот разговор, Путин и Бин Зајед ал-Нахјан се согласија да останат во близок контакт, се додава во соопштението на Кремљ.

САД и Израел почнаа да напаѓаат цели во Иран, вклучително и Техеран, во саботата, со извештаи за уништување и цивилни жртви, а Иран спроведува одмазднички напади врз израелска територија, како и врз американски воени цели на Блискиот Исток, пренесува Танјуг.

To top