Свет нема информации за повредени или жртви

Пожар во руската Република Бурјатија зафатил 20 станбени згради

Руските пожарникари го локализираа пожарот што зафати 20 станбени и комунални згради во руската југоисточна република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви.

Пожар во руската Република Бурјатија зафатил 20 станбени згради

„Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, пренесоа руските медиуми.

Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу 10.000 квадратни километри.

Федералната шумска служба соопшти дека можна причина за вонредната состојба е шумски пожар или мал пожар предизвикан од човекот.

До брзо ширење на пожарот довел и силниот ветар со налети од околу 28 метри во секунда.

Најнови вести од Свет

To top