Свет

Повозрасна Јапонка извлечена жива од урнатините на нејзината куќа во Јапонија, 120 часа по катастрофалниот земјотрес

Повозрасна Јапонка извлечена жива од урнатините на нејзината куќа во Јапонија, 120 часа по катастрофалниот земјотрес

Шест дена по катастрофалниот земјотрес во Јапонија, јапонските спасувачки тимови извлекоа постара жена од под урнатините на урнатата зграда во градот Сузу, објавија јапонските медиуми.

Жената, за која нејзиното семејство рече дека има повеќе од 90 години, поминала повеќе од 120 часа во урнатините на својот дом. Таа била примена во болница во тешка состојба.

Сузу е еден од јапонските градови најтешко погодени од земјотресот. Земјотресот ја потресе земјата на 1 јануари.

Според последните податоци, бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија е веќе 126, а повредените се повеќе од 550. Се уште се трага по повеќе од 200 луѓе.

На 4 јануари спасувачите извлекоа 72-годишна жена од урнатините на нејзиниот дом во областа погодена од земјотресот.

To top