Свет североисточна Викторија

Повеќе од половина метар снег падна во југоисточниот дел на Австралија

Метеоролозите предвидуваат дека во следните десет дена би можеле да паднат уште 50 сантиметри снег.

Повеќе од половина метар снег падна во југоисточниот дел на Австралија

Повеќе од 50 сантиметри снег паднаа во популарните скијачки центри во југоисточна Австралија.

Во Фолс Крик, североисточна Викторија, во изминатите 24 часа паднале 45 сантиметри снег, а во последните седум дена повеќе од 70 сантиметри. Менаџерот на скијачкиот центар „Мт Булер и Мт Стирлинг“, Дејвид Кларк изјави дека снегот постојано паѓа од синоќа, пишува „Гардијан“.

На планината Хотам до изутрината падна 31 сантиметар снег, а на север во ски-центарот Тредбо во текот на ноќта паднаа 27 сантиметри снег. Метеоролозите предвидуваат дека во следните десет дена би можеле да паднат уште 50 сантиметри снег.

Студениот бран кој се движи низ Јужна Австралија кон Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд донесе снежно невреме и рекордно ниски температури.

To top