Свет Федерална управа за воздухопловство

Повеќе од 12.000 летови одложени или откажани поради невреме во САД

Во соопштението се наведува дека поради ризик од силен ветер и удари на гром, биле одложени летови на три аеродроми во областа на Њујорк – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси, на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, на аеродромите во Шарлот и Атланта како и на аеродромот „Џорџ Буш“ во Хјустон.

Повеќе од 12.000 летови одложени или откажани поради невреме во САД

Одложени или откажани повеќе од 12.500 летови. Тоа е последицата на невремето што синоќа го зафати Источното крајбрежје и други делови на САД, соопшти американската Федерална управа за воздухопловство (FAA).

Во соопштението се наведува дека поради ризик од силен ветер и удари на гром, биле одложени летови на три аеродроми во областа на Њујорк – „Ла Гвардија“, „Џон Ф. Кенеди“ и аеродромот „Њуарк“ во Њу Џерси, на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, на аеродромите во Шарлот и Атланта како и на аеродромот „Џорџ Буш“ во Хјустон.

Сајтот за следење летови „FlightAware“ објави дека до 21 часот по средноевропско време се одложени повеќе од 8.500, а околу четири илјади целосно откажани.

Американските власти им издадоа наредба на федералните службеници во областа на Вашингтон од 19 часот по средноевропско време да ги напуштат работните простории, заради опасност од невремето. (МИА)

To top