Свет Овој неприфатлив чин ја поткопува долгогодишната соработка

Портпаролот на ирачкиот премиер: Нападите на САД придонесуваат за „непромислена ескалација“

Американските напади, чија цел денеска беа локации што ги користеа групите поддржани од Иран во Ирак, „придонесуваат за непромислена ескалација“, рече портпаролот на премиерот Мохамед Шија ал Судани.

Портпаролот на ирачкиот премиер: Нападите на САД придонесуваат за „непромислена ескалација“

-Овој неприфатлив чин ја поткопува долгогодишната соработка, бесрамно го нарушува суверенитетот на Ирак и придонесува за непромислена ескалација… во време кога регионот веќе се бори со опасноста од проширување на конфликтот, рече портпаролот на Судани за воени прашања, Јехиа Расул.

САД извршија воздушни напади во Ирак ноќеска против милитантите поддржани од Иран, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи неименуван претставник.

Не е познато на колку локации биле нападнати, ниту пак какви проектили биле употребени. Нападите уследија само неколку дена откако американскиот персонал во воздухопловната база Ал Асад во Ирак беше повреден во напад со балистички проектили и ракети.

Најнови вести од Свет

To top