Свет мосад

Поранешниот шеф на Мосад: На Израел ќе му требаат пет години да се опорави

Јоси Коен, поранешен шеф на израелската служба за надворешно разузнавање (Мосад) рече дека на Израел ќе му требаат пет години по војната за да се опорави.

Поранешниот шеф на Мосад: На Израел ќе му требаат пет години да се опорави

Јоси Коен, поранешен шеф на израелската служба за надворешно разузнавање (Мосад) рече дека на Израел ќе му требаат пет години по војната за да се опорави.

Израелската радиодифузна корпорација ја цитираше изјавата на Коен дека „Израел ќе мора да плати висока цена за да ги врати заложниците земени од палестинското движење на отпорот од Појасот Газа“.

На крајот на декември минатата година, Коен изјави дека Појасот Газа специјално се подготвува за оваа војна во последните децении и на начин кој не е вообичаен.

Тој призна дека палестинскиот отпор е поголем од израелската армија, благодарение на тунелите во Појасот Газа, кои формираат подземен град со длабоки и долги скривалишта. Тој додаде дека „се направени логистички подготовки кои овозможуваат многу поголем подземен живот отколку што се мисли“.

Кога станува збор за северот на Израел, тој рече дека треба да се даде шанса за политичко решение и да се избегнува отворање на втор фронт, кога Хезболах е подготвен за војна. Коен смета дека израелската армија не е подготвена да се справи со две воени зони истовремено.

Палестинскиот отпор, предводен од Хамас, ја започна операцијата на 7 октомври, која вклучуваше копнен, морски и воздушен напад и инфилтрација на членови на отпорот во неколку израелски воени локации и доселенички населби околу Газа. Операцијата дојде како одговор на израелските напади врз светите места и Палестинците.

За време, и по операцијата, палестинскиот отпор уби и рани илјадници Израелци. Исто така, во нападот беа заробени најмалку 239 лица, додека 136 од нив се уште се во заробеништво на отпорот во Газа.

Од 7 октомври минатата година, израелската армија, според написите во светските медиуми, води разорна војна против Газа, која, според палестинските власти, до саботата остави 27.238 мртви и 66.452 ранети, главно жени и деца. Обединетите нации наведуваат дека војната предизвикала огромно уништување и невидена хуманитарна катастрофа.

Најнови вести од Свет

To top