Британските медиуми појаснуваат дека тој се обиде да го распушти Конгресот и да владее со декрет, само неколку часа пред Законодавниот дом да го одржи третото гласање за неговото отповикување.
Неговото соборување и апсење, само 17 месеци по изборот на оваа функција, предизвика повеќемесечни смртоносни протести, а потпретседателката Дина Болуарте го замени како нов претседател на Перу.
Кастиљо останува во притвор под обвинение за „бунт“, злоупотреба на власта и нарушување на мирот, пренесуваат британските медиуми.