Свет Копенхаген

Поранешниот генерален секретар на НАТО повикува на воено засилување во Европа

Воените трошоци треба да се зголемат на четири или повеќе проценти од бруто домашниот производ (БДП), рече Расмусен.

Поранешниот генерален секретар на НАТО повикува на воено засилување во Европа

Европа мора драстично да ги зголеми своите трошоци за одбрана, изјави денеска поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Воените трошоци треба да се зголемат на четири или повеќе проценти од бруто домашниот производ (БДП), рече тој на почетокот на самитот за демократија во Копенхаген.

Европските земји членки на НАТО трошат значително помалку за одбрана, што американскиот претседател Доналд Трамп постојано го критикува, пренесе ДПА.

Дводневниот самит, чиј организатор е и Расмусен, се одржува по осми пат во главниот град на Данска.

Меѓу говорниците оваа година се високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, и поранешниот британски премиер Дејвид Камерон.

Во услови на политиките на Трамп и заканата од Русија, фокусот е првенствено на европската одбрана и иднината на трансатлантските односи.

Во својот воведен говор, Расмусен не се воздржа од критики кон актуелната американска политика.

– Вредностите кои заеднички ги браневме денес се заменуваат со зборови од нашите историски книги: територијална експанзија, сфери на влијание, посилниот секогаш е во право и, се разбира, Америка на прво место, наброја тој, без директно да го именува Трамп.

Расмусен беше премиер на Данска од 2001 до 2009 година, а потоа генерален секретар на НАТО до 2014 година.

To top