Свет

Поранешна манекенка го обвини Трамп за сексуално злоставување во „извртена игра“ со Епштајн

Поранешната манекенка Стејси Вилијамс го обвини републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори и поранешен американски претседател Доналд Трамп дека сексуално ја злоставувал во 1993 година.

Поранешна манекенка го обвини Трамп за сексуално злоставување во „извртена игра“ со Епштајн

Поранешната манекенка Стејси Вилијамс го обвини републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори и поранешен американски претседател Доналд Трамп дека сексуално ја злоставувал во 1993 година.

Вилијамс тврдеше дека Трамп, кој го запознала преку починатиот обвинет сексуален престапник, Џефри Епштајн, ја допирал на несакан сексуален начин во инцидент во Трамп Тауер за кој таа верувала дека е еден вид „извртена игра“ меѓу двајцата мажи, објави „Гардијан“.

Стејси Вилијамс, која работела како професионален модел во 1990-тите, изјавила дека за прв пат се запознала со тогашниот републикански милијардер Доналд Трамп во 1992 година на божиќна забава, на која отишла на покана на американскиот финансиер Џефри Епштајн, кого го познавала и претходно. Вилијамс тврдеше дека кога пристигнала, Трамп ја повлекол кон себе и ги допирал нејзините гради, како и половината и задникот. Рекла и дека поради била „длабоко вознемирена“ и дека мислела дека го видела Доналд Трамп како му се смешка на Епштајн.

Самиот Епштајн беше обвинет за сексуално злоставување и силување млади девојки, а изврши самоубиство со бесење во затвор во Њујорк во 2019 година. Вилијамс, исто така, рече дека во 1993 година, Трамп на својот агент му испратил разгледница по курир, во која имало слика од неговата резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, со рачно напишани зборови на задната страна, велејќи: „Стејси – твојот дом далеку од дома. Со љубов, Доналд“. Таа им ја покажа разгледницата на новинарите на „Гардијан“.

„Идејата за тоа чудовиште да се врати во Белата куќа е мојот најлош кошмар“, рече Вилијамс, која рече дека се чувствувала „понижено“ по наводниот напад и дека била жртва на „болна игра“ на Епштајн и на Трамп.

To top