Свет Интервју за „Фокс њуз“

Помпео: Русија ќе се соочи со потешки последици пред сериозни преговори со Западот

– На крајот, Русија ќе мора да се соочи со многу посериозни последици пред да биде подготвена сериозно да седне на преговарачката маса, изјави Помпео, без да прецизира какви конкретни мерки би можеле да следат.

Помпео: Русија ќе се соочи со потешки последици пред сериозни преговори со Западот

Поранешниот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео, изјави дека Русија, доколку не го промени својот пристап, ќе се соочи со значително посериозни последици пред да биде подготвена за сериозни преговори со Западот.

Во интервју за „Фокс њуз“, Помпео оцени дека притисоците врз Москва сè уште не го достигнале нивото што би ја натерало „навистина да седне на преговарачка маса“.

-На крајот, Русија ќе мора да се соочи со многу посериозни последици пред да биде подготвена сериозно да седне на преговарачката маса, изјави Помпео, без да прецизира какви конкретни мерки би можеле да следат.

Изјавата на Помпео доаѓа во време кога во јавноста повторно се отвораат расправи за можностите за дипломатски дијалог меѓу Москва и Вашингтон. Во тој контекст, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, за време на разговор со актуелниот американски претседател Доналд Трамп на Алјаска, бил подготвен на одредени отстапки.

Според Ушаков, руската страна покажала флексибилност и подготвеност за компромиси, но истовремено нагласила дека секој понатамошен напредок мора да се темели на заемно почитување и конкретни чекори од двете страни. (МИА)

To top