Свет

Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина

Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница

Полска ги подигна борбените авиони поради руски напад врз цели во западна Украина

Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс.

Полската армија посочи дека преземените мерки се со превентивен карактер и имаат за цел да го заштитат воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените региони.

To top