Свет италија

Полицијата употреби солзавец и водени топови на протестот против ЗОИ во Милано

Иако митингот започна како мирна прошетка, ситуацијата ескалираше кога некои учесници почнаа да фрлаат факели и шишиња кон полицијата, карабињерите и членовите на Финансиската гарда

Полицијата употреби солзавец и водени топови на протестот против ЗОИ во Милано

На протестот против Зимските олимписки игри во Милано денеска дојде до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата.

Иако митингот започна како мирна прошетка, ситуацијата ескалираше кога некои учесници почнаа да фрлаат факели и шишиња кон полицијата, карабињерите и членовите на Финансиската гарда.

Полицијата одговори со употреба на водени топови и солзавец, објавува Милано Тудеј.

Протестот, на кој учествуваа околу 10.000 лица, беше организиран од Комитетот против домаќинството на Олимписките игри (CIO), како и од локалните синдикати, здруженија за права на домување и социјални центри.

Демонстрантите го изразија своето противење на економскиот модел што го сметаат за неодржлив за градот Милано.

Кога конвојот стигна до улицата Марокети, група маскирани демонстранти облечени во црно почнаа да фрлаат факели и шишиња кон полицијата и карабињерите, што предизвика реакција од безбедносните сили.

Најнови вести од Свет

To top