Убиената жена во престрелката што се случи денеска во израелскиот град Бершеба е полицајка, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на локални медиуми.
Шира Чаја Суслик имала 19 години и била наредник во израелската гранична полиција, јавува Би-Би-Си.
Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид објави почит на полицајката во X, опишувајќи го нападот на автобуската станица како „сериозен и одвратен“.
שוב הטרור מכה בנו. פיגוע קשה ונתעב בבאר שבע, מחבל רוצח שוטרת מג״ב ופוצע עשרה נוספים.
אני מחזק את כוחות הביטחון שנטרלו את המחבל. עלינו לנהוג ביד קשה אל מול הטרור.
אני משתתף בצער משפחתה של סמ״ש שירה חיה סוסליק שנרצחה בפיגוע ומאחל החלמה מהירה לפצועים. pic.twitter.com/RdZgyqwWYt
— יאיר לפיד – Yair Lapid (@yairlapid) October 6, 2024
Полицијата соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека безбедносните сили на местото на настанот „за неколку секунди го елиминирале напаѓачот“. Претходно тие го опишаа инцидентот како „терористички напад“.
Во престрелката се повредени уште десет лица, а едно е во „умерена до тешка“ состојба, соопшти израелската Брза помош.
Претходно беше пријавено дека жртвата имала 25 години, но израелските власти оттогаш појаснија дека таа имала 19 години.