Свет сад

Пол Вилан, Иван Гершкович и Алсу Курмашева сега се на пат да се вратат во САД од Русија, изјави Блинкен

Пол Вилан, Иван Гершкович и Алсу Курмашева сега се на пат да се вратат во САД од Русија, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен, откако САД денес ја потврдија историската размена на затвореници со Русија, која вклучуваше ослободување на американските новинари Иван Гершкович и Алсу Курмашева, поранешниот американски маринец Пол Вилан и постојаниот жител Владимир Кара-Мурза.

Пол Вилан, Иван Гершкович и Алсу Курмашева сега се на пат да се вратат во САД од Русија, изјави Блинкен

Пол Вилан, Иван Гершкович и Алсу Курмашева сега се на пат да се вратат во САД од Русија, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен, откако САД денес ја потврдија историската размена на затвореници со Русија, која вклучуваше ослободување на американските новинари Иван Гершкович и Алсу Курмашева, поранешниот американски маринец Пол Вилан и постојаниот жител Владимир Кара-Мурза.

Севкупно, САД обезбедија ослободување на 16 лица, вклучително и пет незаконски приведени Германци и седум руски државјани, во замена за осум држени во Америка, Германија, Полска, Норвешка и Словенија.

„Преку извонредните напори на безброј луѓе во Стејт департментот и низ нашата влада, САД успеаја да постигнат договор за да ја обезбедат нивната слобода, како и онаа на Владимир Кара-Мурза и дванаесет други затвореници во Русија. Благодарни сме за поддршката што ја имавме од голем број наши сојузници кои го овозможија овој договор, особено Германија, Полска, Норвешка и Словенија“, се вели во изјавата на Блинкен што ја објави Стејт департментот.

Во изјавата понатаму се вели „ ја цениме турската влада што обезбеди локација за безбедно враќање на овие лица во САД и Германија“.

„Низ многу тешки разговори во изминатите неколку години, им кажав на семејствата на незаконски приведените во Русија дека нема да ги заборавиме. Знам дека има многу пати во текот на тие години кога се прашувале дали нашата работа некогаш ќе вроди со плод. Но, знам и дека тие никогаш не се откажале од надежта, а ниту ние. Под водство на претседателот Бајден, обезбедивме ослободување на десетици Американци кои беа држени како заложници или незаконски приведени. Мојот залог кон семејствата на оние кои се` уште се одвоени од нивните семејства е истото што им го дадов на оние што се вратија дома денес. Нема да ве заборавиме и нема да мируваме додека повторно не ги видите вашите најблиски“, изјави Блинкен.

Ова е најголемата размена на затвореници меѓу САД и Русија од Студената војна.

„Денешната размена ќе биде историска. Од Студената војна немало сличен број на поединци разменети на овој начин“, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан за новинарите на брифингот.

„Тоа е кулминација на многу рунди сложени, макотрпни преговори во текот на многу, многу месеци“.

Саливан рече дека договорот, исто така, означува првпат толку многу земји и сојузници да соработуваат за да обезбедат ослободување на незаконски приведени лица.

Покрај Американците, договорот обезбедува ослободување на германски државјани и руски политички затвореници, вклучувајќи ги Дитер Воронин, Кевин Лик, Рико Кригер, Патрик Шобел, Херман Мојжес, Илја Јашин, Лилија Чанишева, Ксенија Фадеева, Вадим Останин, Андреј Пивоваров, Олег Олов и Саша Скочиленко.

Од Американците, најдолго задржан беше Пол Вилан, поранешен американски маринец, кој беше уапсен во Москва во 2018 година.

Новинарот на „Вол Стрит Џурнал“ Гершкович и новинарката на Радио Слободна Европа Курмашева беа приведени во 2023 година и беа осудени во одделни затворени судења на 19 јули, кои нашироко беа оценети како лажни.

Ослободен е и Кара-Мурза, активист и колумнист за „Вашингтон пост“, притворен од април 2022 година.

Политичарот и историчарот доби Пулицерова награда за неговите писма напишани од затвор.

Од руска страна, Кремљ преговараше за ослободување на Вадим Красиков, Русин кој издржува доживотен затвор во Германија.

Саливан им рече на новинарите: „Стана јасно дека Русите нема да се согласат со ослободување на овие лица без размена во која беше вклучен и Вадим Красиков“.

Красиков беше осуден за убиство на чеченски дисидент во Берлин во 2019 година. Тој претходно беше во трка за размена на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во февруари 2024 година.

Други поединци кои се вратија во Русија се Артем Викторович Дулцев и Ана Валеревна Дулцева од Словенија, Михаил Валериевич Микушин од Норвешка, Павел Алексејевич Рубцов од Полска и Роман Селезњев, Владислав Кљушин и Вадим Коношченок од САД.

Најнови вести од Свет

To top