Свет

Подољак: Украина ќе престане да испорачува руска нафта и гас во Европа

Украина ќе ја запре испораката на руска нафта и гас преку нејзините нафтоводи до Европска Унија на крајот од годината, кога истекува актуелниот договор и истиот нема да биде обновен, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

Тој додаде дека иако актуелниот договор не може еднострано да се откаже „нема сомнеж дека сето тоа ќе завршуваат на 1 јануари 2025 година“.

Киев е подготвен да транспортира гас од земјите од Централна Азија или Азербејџан во Европа, но не и од Русија, бидејќи е клучно Украина да ја лиши Русија од нејзините извори на приходи од продажба на суровини.

Договорот за транзит на руски гас преку Украина до Европа помеѓу државните компании „Гаспром“ и „Нафтогаз“ завршува на 31 декември. И покрај руската офанзива во февруари 2022 година, Украина ги исполни условите од договорот, делумно на инсистирање на нејзините европски соседи, особено Унгарија.

Унгарија, Чешка и Словачка се последните земји кои добиваат руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.

To top