Свет

Подморница на САД со наведувани ракети пристигна на Блискиот Исток

Подморница на САД со наведувани ракети пристигна на Блискиот Исток

Американската војска соопшти дека на Блискиот исток пристигнала американска подморница од класата Охајо со наведувани проектили.

На социјалните мрежи беше објавена и фотографија на која се гледа подморница во Суецкиот канал североисточно од Каиро.

-Војската ретко ги објавува движењата или операциите на својата флота од подморници со балистички и наведувани ракети, а оваа најава е јасна порака за одвраќање насочена кон Иран и неговите сојузници во регионот, забележува Си-Ен-Ен.

Подморницата, која не е именувана, им се придружува на голем број други бродови на американската морнарица во областа, вклучувајќи и две ударни групи на носачи на авиони.

To top