Свет

Поддршката за Украина, европската конкурентност и миграцијата во фокусот на средбата Мицотакис-Мецола

Поддршката за Украина, со пораката дека потребен е праведен и одржлив мир, ја повторија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола по нивната средба, а паралелно се осврнаа и на конкурентноста во Европа, но и мигрантското прашање, јави дописничката на МИА од Атина.

На заедничката прес-конференција Мецола ја нагласи позицијата на Европскиот парламент дека Украина треба да биде на преговарачката маса, а договорот целосно да се базира на принципот „ништо за Украина без Украина“, но и му се заблагодари на Мицотакис за поддршката во енергетскиот сектор, со потпишаниот договор за снабдување на Украина со течен природен гас од Грција.

Грчкиот премиер повтори дека праведниот и одржлив мир во Украина, мота да биде усогласен и со безбедносните интереси на европските земји, а Европа мора да биде присутна не со зборови, туку со дела, бидејќи „во спротивно, не само што нема да ја испише својата сопствена историја, туку напротив историјата ќе ја заобиколи“.

Мицотакис се осврна и на европската одбрана посочувајќи дека Европа треба да испрати порака и до непријателите и до пријателите дека нејзината безбедност „конечно ја сфаќа сериозно“.

– Она на што се согласуваме е дека сложените предизвици бараат итни, храбри и динамични одговори. Уште повеќе кога многу променливата меѓународна состојба бара од Европа да созрее геополитички. Да направи стратешки избори кои ќе бидат клучни не само за просперитетот на народите, туку и за нивната безбедност. А истовремено да ги зајакне и односите меѓу земјите-членки, порача Мицотакис.

Мецола говорејќи за мигрантското прашање, рече дека е на врвот на приоритетите во Европскиот парламент и ја истакна потребата да се олесни товарот со кој се соочуваат одредени земји.

Претседателката на ЕП, освен со Мицотакис, претпладнево во Атина се сретна и со грчкиот претседател Константинос Тасулас и со претседателот на Парламентот Никтас Какламанис.

To top