Свет Седницата се одржува во време на зголемена тензија меѓу Белград и Приштина

Почна редовната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово

Во Њујорк почна седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се расправа за новиот, шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК).

Почна редовната седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово

И Србија и Косово на седницата на УНМИК се претставени од своите претседатели – Александар Вучиќ и Вјоса Османи-Садриу.

Седницата се одржува во време на зголемена тензија меѓу Белград и Приштина, за што придонесуваат споровите околу употребата на динарот во Косово и управувањето со мнозинските српски општини на северот на Косово, како и постапката за приемот на Косово во Советот на Европа.

Во извештајот за периодот од 19 септември 2023 година до 15 март 2024 година, кој на седницата ќе го презентира шефицата на УНМИК, Каролин Зиадех, Гутереш изјави дека „најостро го осудува сериозниот безбедносен инцидент на 24 септември во Бањска, што доведе до трагично губење на живот“.

– Повикувам да се завршат истрагите и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата без одложување, рече Гутереш во врска со конфликтот меѓу вооружената група Срби и косовската полиција.

Во извештајот, за кој Вучиќ рече дека не ја одразува вистинската слика на теренот, Гутереш исто така изрази загриженост за спроведувањето на новата косовска регулатива која забранува употреба на динари во готовински трансакции, наведувајќи дека тоа влијае на економските и социјалните права на не- мнозинските заедници, особено најранливите луѓе во Косово.

Најнови вести од Свет

To top