Планираниот пристап на Шведска во НАТО е задоцнет и треба да се случи сега, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
– Секое натамошно одложување го оптоварува трпението на сите, им рече Писториус на новинарите пред состанокот на министрите на НАТО во Брисел.
Унгарија е единствената членка на НАТО која се уште не го одобрила барањето на Шведска за членство во Алијансата, а се очекува унгарскиот парламент да го ратификува барањето на Стокхолм на крајот на овој месец.
Министрите за одбрана на НАТО денеска имаат состанок во Брисел за да се подготват за самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.
Министрите за одбрана на НАТО, исто така, ќе разговараат за постигнатиот напредок во зголемувањето на производството на муниција и обезбедувањето финансии за новите одбранбени планови на Алијансата.
На дневен ред ќе биде и поддршката на НАТО за Украина.