Свет Партнерите се на добар пат да ги здружат силите

Писториус: Разговорите во НАТО за арктичка мисија со САД одат во добра насока

Мерц нагласи дека ваквата соработка треба да се реализира во рамките на НАТО. 

Писториус: Разговорите во НАТО за арктичка мисија со САД одат во добра насока

Партнерите во НАТО се на добар пат да ги здружат силите со Соединетите Американски Држави во предложената мисија на Арктикот, изјави денеска германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.

– Разговорите на воено ниво во рамките на НАТО, колку што ми е познато, одат добро – рече Писториус во Берлин притоа нагласувајќи дека не може со сигурност да зборува за исходот бидејќи преговорите сè уште се во тек.

Германската влада на почетокот на месецот ги отфрли американските претензии кон Гренланд, кој е автономна територија на Данска, но канцеларот Фридрих Мерц и министерот за одбрана Борис Писториус истакнаа дека сакаат, заедно со САД, да го обезбедат арктичкиот регион од руската закана.

Мерц нагласи дека ваквата соработка треба да се реализира во рамките на НАТО. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top