Свет

Пентагон: Американската армија изврши напад во самоодбрана во источна Сирија

Американската армија изврши напад во самоодбрана во источниот дел на Сирија, соопшти вчера Пентагон, истакнувајќи оти тоа не е поврзано со актуелното напредување на бунтовниците.

Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер изјави дека американската војска извршила напад за самоодбрана со ракетни фрлачи и тенк Т-64, откако проектили биле истрелани врз американските војници на позицијата Еуфрат.

Генерал Рајдер истакна дека во акцијата за самоодбрана успешно се елиминирани непосредните закани за американските војници и дека војската во моментов истражува кој ги нападнал американските сили.

Тој додаде дека силите поддржани од Иран претходно извршиле напади во тоа подрачје.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во Сирија распоредени се околу 900 американски војници, кои се фокусирани на борбата против милитантите на Исламска држава.

To top