Свет Анкета на јавно мислење

Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 12-ти април

„Правото на слободни избори е камен-темелник на нашата демократија и ги охрабрувам сите да го остварат своето право“, објави Суљок на Фејсбук.

Парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат на 12-ти април

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок објави дека парламентарните избори во Унгарија ќе се одржат во недела, на 12 април.

„Правото на слободни избори е камен-темелник на нашата демократија и ги охрабрувам сите да го остварат своето право“, објави Суљок на Фејсбук.

Анкетата на јавното мислење објавена од Политико покажува дека опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, има поддршка од 49 проценти, пред владејачката Фидес на Виктор Орбан, која е поддржана од 37 проценти од гласачите.

To top