Свет повторно се пожали на бронхитис

Папата Франциск мораше да прекине говор поради кашлање

„Би сакал да го прочитам целиот мој говор, но има проблем. Имам бронхитис“, рече со рапав глас 87-годишниот Франциск.

Папата Франциск мораше да прекине говор поради кашлање

Папата Франциск не можеше да го заврши својот говор денеска додека се обраќаше пред група француски експерти за верска комуникација, и се пожали на бронхитис.

Тој се сретна со учесниците на симпозиум организиран од Француската бискупска конференција, но мораше да го прекине неговиот поздравен говор.

„Би сакал да го прочитам целиот мој говор, но има проблем. Имам бронхитис“, рече со рапав глас 87-годишниот Франциск.

Пред тоа, папата веќе одржа говори на средби со млади експерти и со Комитетот за унапредување на односите меѓу католичките, православните и источнохристијанските цркви.

Но, подоцна не можел да им го прочита говорот за членовите на католичкото научно тело, па тие го добиле во писмена форма, соопшти Ватикан.

Папата во ноември имаше акутна пневмонија, поради што мораше да ја откаже планираната посета на Дубаи, каде се одржуваше самитот за климата КОП28.

Најнови вести од Свет

To top