Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.
Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии.
Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.
Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување.
Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна. (МИА)