Свет расте притисокот

Падна владата во Франција, Макрон најави обраќање

На малцинската влада на францускиот премиер Мишел Барние синоќа и беше изгласана недоверба во Долниот дом на француското Национално собрание со гласовите на пратениците на екстремната левица и екстремната десница. Со ваквата очекувана разврска во парламентот Франција запаѓа во политичка криза, по само тримесечното управување на малцинска влада на премиерот Барние.

Падна владата во Франција, Макрон најави обраќање

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата, откако опозицијата во Франција и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, соопшти Елисејската палата.

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека притисокот врз Макрон расте, но дека таа не бара негова оставка, нагласувајќи дека само Макрон може да одлучи за тоа.

На малцинската влада на францускиот премиер Мишел Барние синоќа и беше изгласана недоверба во Долниот дом на француското Национално собрание со гласовите на пратениците на екстремната левица и екстремната десница. Со ваквата очекувана разврска во парламентот Франција запаѓа во политичка криза, по само тримесечното управување на малцинска влада на премиерот Барние.

Колапсот, што беше предизвикан од предлог буџетот на Барние за штедење, ја втурна земјата, која е еден од најмоќните европски играчи, во подлабоки политички превирања среде големите економски предизвици, наведува ДПА.

Последен пат една француска влада била соборена со гласање недоверба во далечната 1962 година.

Барние, конзервативниот француски политички ветеран, кој ги водеше преговорите на Европската унија со Велика Британија за излезот на земјата од ЕУ, на оваа функција беше поставен од претседателот Емануел Макрон во септември годинава.

Барние ја презеде функцијата по неколкунеделната неизвесност предизвикана од одлуката на Макрон да одржи предвремени парламентарни избори во јуни и јули. Поради сето тоа Барние од самиот старт на работата на неговата малцинска влада беше во ослабена позиција.

 

To top