Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, претрпел скршеница на нога и други помали повреди на првиот ден од бомбардирањето што го започнаа САД и Израел, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.
Покрај повредата на стапалото, Хамнеи (56) има модринка околу левото око, како и помали исеченици на лицето, рече изворот.
Израелски извор претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Хамнеи бил повреден во обид за атентат минатата недела, а гласините за неговите повреди кружат веќе неколку дена.
Амбасадорот на Иран на Кипар, Алиреза Саларијан, во среда за весникот Гардијан изјави дека Хамнеи бил повреден во истиот воздушен напад во кој бил убиен неговиот татко, поранешниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, заедно со уште пет членови на семејството.