Свет без струја останаа околу 34.000 домаќинства и бизниси

Откажани летови во делови на Велика Британија и прекини на струја во Ирска поради невреме

Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика откажување на летовите во двете земји и остави без струја илјадници домови во Ирска, објавија британските медиуми.

Откажани летови во делови на Велика Британија и прекини на струја во Ирска поради невреме

Невремето, наречено Кетлин, погоди голем број летови на аеродромите во Ирска и Велика Британија, вклучувајќи ги аеродромите во Манчестер, аеродромот во Белфаст и аеродромот во Даблин. Во Шкотска, од невремето беа погодени и железничките и фериботите.

Силниот ветер предизвика прекин на електричната енергија. Околу 34.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Ирска.

To top