Планираната посетата на шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул на Кина е откажана, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи.
– Го одложуваме состанокот до понатамошно известување, посочи портпаролката, додавајќи оти не е можно да се организираат доволно состаноци во Кина за да се оправда патувањето.
Таа одби да прецизира која од страните го откажала состанокот.
Германија жали за откажаниот состанок, со оглед на клучната улога на Кина, како во областа на трговијата, така и како земја која како ниедна друга има влијание врз Русија во нејзината војна со Украина, посочи портпаролката на германското МНР.