Свет Од 7-ми октомври

Остин: Израел уби над 25 илјади жени и деца во Газа

Американскиот секретар за одбрана додаде дека повеќе од 21.000 парчиња прецизно наведувана муниција се доставени до Израел од почетокот на војната во Појасот Газа. 

Остин: Израел уби над 25 илјади жени и деца во Газа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври.

Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата.

Остин беше прашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку палестински жени и деца се убиени од израелските сили, на што тој одговори дека „бројката е над дваесет и пет илјади“.

Американскиот секретар за одбрана додаде дека повеќе од 21.000 парчиња прецизно наведувана муниција се доставени до Израел од почетокот на војната во Појасот Газа.  (МИА)

To top