Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври.
Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата.
Остин беше прашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку палестински жени и деца се убиени од израелските сили, на што тој одговори дека „бројката е над дваесет и пет илјади“.
Американскиот секретар за одбрана додаде дека повеќе од 21.000 парчиња прецизно наведувана муниција се доставени до Израел од почетокот на војната во Појасот Газа. (МИА)